Последниот ден за пријавување играчи за Конференциската лига донесе бурен ден во таборот на хрватскиот шампион Динамо Загреб.
Веќе на големо се зборува дека кам-бек по само неколку месеци во тимот од „Максимир“ ќе има легендата на клубот и македонски репрезентативец Аријан Адеми. Според она што го пренесуваат хрватските медиуми требада се решат уште некои детали околу враќањето на клупската легенда. Па се чини дека популарниот Аки дефинитивно се враќа во својот дом по авантурата во Кина.
„Се надеваме дека денес ќе го завршиме Адеми!“, откриваат извори од клубот за хрватските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

