Македонската репрезентација попладнево ги стартуваше подготовките за двата квалификациски натпревари против Италија во Скопје на 9. септември и против Малта на гости на 12. септември во квалификациите за ЕП 2024.
Максимално позитивна атмосфера во националниот тим, и покрај лошиот јунски собир, но сега со силен мотив меѓу буквално сите репрезентативци да се поправи впечатокот од дуелот против Англија…
„Доаѓаме со нова енергија. Учиме од грешките на последните натпревари. Треба да се подобриме во сите аспекти на фудбалската игра. Италија е светска велесила. Секој од фудбалерите кога доаѓа за репрезентација е подготвен да даде 100% од можностите. Оваа енергија што ја имаме тука не може да се почувствува во клуб. Ако сме со позитивна мисла и енергија, се надеваме на добро“ – истакна офанзивецот Доријан Бабунски кој сега на репрезентативниот собир се приклучи како нов фудбалер на швајцарски Грасхоперс.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА