Работите се искомплицираа: Адеми нема да игра во Европа за Динамо Загреб

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми е блиску до враќање во хрватскиот шампион Динамо Загреб, но работите малку се искомплицираа.

Динамо не успеа да го ангажира Адеми до понеделник на полноќ, па тој нема да може да игра во Конференциската лига. Сепак, како што пишуваат хрватските медиуми, на „Максимир“ се надеваат дека на крајот се ќе биде во ред и дека Адеми ќе им помогне во домашниот шампионат.

Динамо се надеваше дека Адеми ќе потпише пред полноќ и дека ќе успеат да го запишат на списокот за Конференциската лига. Динамо е подготвен веднаш да го купи Адеми од Пекинг Гуан, за околу еден милион евра, колку што го продадоа, а Адеми би се откажал од дел од платата.

Се вчитува...