Италија има еден пораз и една победа во првите две средби од квалификациите за ЕП 2024, па на „аѕурите“ им е јасно дека немаат право на „кикс“ на саботното гостување во Скопје против Македонија.
Тоа ќе биде и деби за новиот селектор Лучијано Спалети, кој реши во националниот тим да го врати Мануел Локатели на позицијата последен играч за врска. Асот на Јувентус повеќе од една година беше игнориран од страна на екс-селекторот Манчини, но смената на кормилото значеше и негов камбек во националниот тим.
„Јас сум одговорен за она што го правам на теренот и стојам зад тоа. Имавме разговор со селекторот Манчини со кого очигледно имавме различни гледишта и извесно време бев надвор од репрезентацијата. Не сакам да се навраќам на тоа, фокусиран сум само на сегашноста и на иднината со националниот тим“, изјави Локатели, кој последниот меч за „аѕурите“ го одигра во јуни 2022, при ремито од 0-0 против Англија.
Се очекува тој да биде стандарден првотимец на гостувањето во Скопје, а Локатели предупредува дека Италија нема да има нималку лесна задача на овој натпревар.
„Ќе биде тешко. Македонците се многу опасни на одбиени топки и ќе мораме да внимаваме. Знаеме како минавме последниот пат против со нив. Секако, мораме да победиме, но за тоа дасе случи ќе мораме да одиграме со ентузијазам и максимална желбаза триумф“, порачува Локатели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА