Тодороски промовиран во дресот на унгарски Залаегершег (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски својата кариера ќе ја продолжи во унгарскиот прволигаш Залаегершег.

24-годишниот десен бек откако ја заврши соработката со азербејџански Сумгаит, се одлучи да потпише едногодишен договор со Залаегерцег, со можност за продолжување на истиот потоа на уште една година.

„Многу сум среќен што се приклучувам на овој тим. Може да ветам напорна работа во желбата за што поголеми успеси со клубот. Со нетрпение очекувам да доживеам што е можно повеќе позитивни моменти во дресот на Залаегершег“ – изјави Тодороски по промоцијата во новиот дрес.

Се вчитува...