Несторовски: Знам дека Италијанците, сега и со Спалети на чело, се со желба за одмазда…, наше е да дадеме се од себе!

Македонската репрезентација полека ги финишира подготовките за квалификацискиот натпревар против Италија, во сабота од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Уште една пресметка со актуелниот европски шампион, по онаа сензационална победа од март минатата година во Палермо во баражот за СП 2022. Италија во Скопје доаѓа сега со новиот селектор Лучијано Спалети, човекот кој во Наполи го донесе првото „скудето“ по 33 години пауза, и кој треба да ја предводи одмаздата на Италијанците за поразот во Палермо.

Но, за еден од најискусните во македонската селекција Илија Несторовски сето тоа е само мотив повеќе за секој член на националниот тим да го покаже најдоброто од себе…

„Македонија веќе покажа дека може да игра со секого. Одигравме извонредно со Украина, па се е отворено, во овој група во која мислам дека единствено се издвојува Англија. Сега сме фокусирани за Италија, и се надеваме на позитивен резултат. Италија е европски шампион и секако фаворит, но добро знаеме дека поради Македонија не играше на СП. Италија има фантастични играчи, кои играат во големи клубови и сигурно во Скопје ќе атакуваат на три бода. Потоа ни следи Малта, која не е противник со кој имате гарантирано се“ – вели Несторовски во изјави за италијанските медиуми.

Несторовски верува дека Македонија може до добар меч, после двата порази во јуни.

„Италија ќе биде многу мотивирана со Спалети, а знам дека носат желба за одмазда и поради елиминацијата во баражот за СП. Но, ние сме подговени. Спалети е одличен тренер кој играше 4-3-3 со Наполи, па мислам дека така ќе игра и сега со Италија. Знам дека не е лесно да се игра за репрезентација, не е како во клуб, тешко е се да разберете во пет дена онака како што тоа е случај во клуб“, вели Несторовски, кој вели дека би сакал да му даде гол на Донарува.

„На кого сакам да му дадам гол, Вивиано или Донарума? Јас и на двајцата сум им дал гол. Со првиот играв заедно, а ако треба да бирам, би сакал на Донарума да му дадам гол“.

Се вчитува...