Компликации со враќањето на Адеми во Динамо: Кинезите поставуваат нови услови!

Нови компликации околу договорот меѓу Динамо Загреб и кинескиот Пекинг Гуан за враќање на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во редовите на „модрите“.

И покрај тоа што Адеми доби дозвола од селекторот Боби Милевски за патување во Загреб да ги заврши административните формалности за негово враќање во Динамо, сепак, како што пренесуваат хрватските медиуми, засега ништо од тоа и покрај тоа што преодниот рок во Хрватска завршува утре.

Според последните информации, и покрај тоа што Динамо веќе се договорил со Пекинг Гуан за трансфер на Адеми на позајмица ова лето со можност за откуп во јуни 2024, Кинезите сега се премислиле барајќи зголемување на откупната сума. Откако Динамо се согласил и на второпоставените услови, Кинезите и на тоа се појавиле со нови барања па во текот на денешниот ден прекинувајќи ја и целокупната комуникација.

Според Хрватите, Кинезите добро знаат дека на Динамо му се брза затоа што утре завршува преодниот рок па затоа и се појавуваат со нови барања, наметнувајќи нервоза кај Адеми и кај раководството на хрватскиот шампион.

Токму поради кинеските условувања Динамо Загреб не успеа да го заврши трансферот за да го пријави за Конференциската лига, а сега е неизвесно дали ќе го регистрира и за настапите во домашното првенство. Адеми мина 13 години во Динамо пред да си замине во Пекинг за еден милион евра во март оваа година.

Се вчитува...