Елмас: Со Спалети ќе биде се во ред додека почне мечот, а потоа секој на своја страна за својата држава

Македонската репрезентација ја чека натпревар против силната Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Елиф Елмас добро ги познава Италијанците, со оглед дека настапува во Серија „А“, а работеше и со селекторот на „азурите“ Лучијано Спалети.

„Искрено очекувам доста да промени Спалети. Висока игра, доста офанзивна со многу добар посед на топка, и секогаш очекува екипата да му биде 90 минути под пресинг на натпреварот, така што не знам колку ќе успее во овие седум дена колку што е селектор, така што ќе видиме колку тоа ќе делува против нас. Ова ќе ми биде прва средба со Спалети по освоеното Скудето, и додека почне натпреварот се е во ред, а потоа секој на своја страна за својата држава“, изјави Елмас.

Тој кажа дека со соиграчите од Наполи кои играат во репрезентацијата се „пецкаат“ меѓусебно, но тоа е со респект.

„Со соиграчите се пецкаме, со доволен респект така што ќе излеземе на терен сите заедно и јас и тие ќе го дадат максимумот и се надевам дека ќе успееме да дојдеме ние до добар резултат“, изјави Елмас.

Се вчитува...