Барди: Чест ми е да бидам капитен на оваа репрезентација, само обединети можеме до добри резултати

Енис Барди ќе биде новиот капитен на Македонија, откако Стефан Ристовски се повлече од националниот тим. Барди кажа дека на овој собир играчите се влезени со нови мотиви, свртена е нова страница кон успеси.

Барди кажа дека се чувствува многу емотивно, но и дека репрезентацијата има повеќе капитени, иако ја немаат лентата на рака.

„Ова за мене е многу емотивна, дека да си капитен на репрезентација значи многу за мене, и секогаш сум рекол дека има доста капитени кои немаат лента носено на рака, но има доста капитени и лидери кои заслужуваат да имаат лента. Играв со Горан и Стефан, и сега ми е чест и задоволство што јас ќе бидам нивен наследник. Ова е нов предизвик, нова страница за сите нас, и така го сфативме сите кога дојдовме тука, и треба да ни биде во глава нови резултати, нови натпревари кои не очекуваат, и да бидеме 100% сконцентрирани дека против вакви противници нема друг начин за добар резултат“, вели Барди.

Тој кажа дека екипата сега е поразлична од онаа во Палермо, со многу нови играчи.

„Кога една екипа претрпува измени не е лесно, имаме нови играчи кои доаѓаат во репреентација, така што не е лесно да се помине таа промена, верувам дека  имаме искуство да ја менаџираме оваа ситуација и да дојдеме добар резултат. Само обединети можеме да дојдеме до посакуваните резултати“, изјави Барди.

Се вчитува...