Фудбалската федерација на Македонија доби нов спонзор во името на производителот на текстил Џиотели од Турција која во иднина ќе ги облекува нашите репрезентативци.
Претседателот Муамед Сејдини изрази задоволство што федарацијата доби нов партнер, со надеж на долга и успешна соработка и уште поуспешни резултати.
„Ми претставува исклучително задоволство што федерацијата добива нов партнер во името на Џиотели, синоним за традиција и квалитет. Џиотели е партнер со повеќе од 25 годишна историја, станува дел од македонското фудбалско семејство. Делиме заендички цели и императиви. Посакуваме нови успеси и долга соработка. Нашата федерација добива партнер во докажан пријател во спортот, и партнер кој е активно вклучен во многу организации и настани. Со новото партнерство Џиотели ќе поттикне многу успеси“, рече Сејдини.
Управителот на Џиотели, Сулејман Каја дека Македонија ја гледа како братска земја, и горд е од одлуката да ја спонзорира македонската фудбалска репрезентација.
„Горд сум и почестен што сум тука преставувајќи го семејството Џиотели како турски бренд. Македонија е важна географска земја, тука се чувствувам како дома и ја гледаме како братска земја, направивме многу инвестиции со оваа братска земја и многу сме горди да ја објавиме одлуката да ја спонзорираме македонската фудбалска репрезентација. Целосно верувам дека овој договор ќе донесе успех и среќа. Би сакал да кажам дека во ова спонзорство многу влијание имаше мојот син“, истакна Каја.
На презентацијата беа и фудбалерите Столе Димитриевски и Никола Серафимов кои истакнаа задоволство од соработката со новиот спонзор. Воедно, фудбалерите добија ново брендирано одело со фотографија од репрезентацијата.
Репрезентацијата со новите одела ќе патува насекаде на гостувањата, почнувајќи од натпреварот со Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА