Македонската репрезентација полека ги финишира подготовките за квалификацискиот натпревар против Италија, во сабота од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Уште една пресметка со актуелниот европски шампион, по онаа сензационална победа од март минатата година во Палермо во баражот за СП 2022.
Напаѓачот на Италијанците, Чиро Имобиле вели дека се уште нема мир
„Се уште немам мир после Палермо. Тоа беше најболното нешто во кариерата, најтешкиот пораз кој сум го доживеал. Многу поголем и потежок од елиминацијата од Шведска поради која не игравме во Русија. Најмногу зашто го дочекавме баражот после едни преубави моменти, радости и емоции. Но, тој пораз од Македонија како да ни ги скрши нозете. Некако бевме избезумени, премногу желни да постигнеме резултат, а се ни се врати како бумеранг“, вели Имобиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА