Македонскиот национален тим одбројува до почетокот на пресметката со Италија. После поразот од Украина и катастрофата од Англија, за Македонија императив е сега добар резултат со еден од фаворитите.
А, во вечерашната пресметка Македонија влегува со многу проблеми. Селекторот Благоја Милевски има многу дилеми, особено ако се има во предвид слабата форма на голем дел од репрезентативците, а тука се и отсуствата на Дарко Велковски и на Аријан Адеми кои дефинитивно вечерва ќе ги нема во стартните 11, а можеби ниту на клупата.
Така дилемите на Милевски, освен на голманската, се на секоја друга позиција. Кој да игра стопер со Зајков и Муслиу? Кој да игра во средниот ред заедно со Барди? Кој во напад со Миовски? За стопер најблиску е да биде Манев, а се очекува Елмас да заигра во нападот заедно со Миовски кој е во одлична форма. Во средниот ред се најголемите проблеми на Милевски, па така тука шанса се очекува да добијат Јани Атанасов и Агон Елези.

Дефинитивно сите дилеми ќе бидат разрешени на еден час пред почетокот на дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
