Една убава сицилијанска ноќ: Голот на Трајковски и коментарите на светските телевизии за сензацијата во Палермо (ВИДЕО)

Таа сицилијанска ноќ на 24. март 2022 година засекогаш ќе остане запишана во аналите на македонската фудбалска историја. Македонија приреди неверојатна сензација со триумф од 0-1 на гостувањето против европскиот шампион среде Палермо елиминирајќи ја Италија во баражот за пласман на Светското првенство 2022.

Дефинитивно еден од најголемите моменти на македонскиот репрезентативен фудбал во историјата, кој засекогаш е во сеќавање и на Италијанците.

Денеска, Македонија и Италија повторно на мегдан, овој пат во квалификациите за баражот за ЕП 2024. Многу нешта сега, се чини, се сосема поразлични во однос на минатата година, но во исто време ако подлабоко се анализира и не мора да се нешто посебно поразлични… И тогаш, па и сега, Македонија а во аутсајдерската положба, и тогаш па и сега никој не веруваше дека е можна сензација. И тогаш, па и сега, е јасно дека притисокот за триумф е на Италија… И тогаш, па и сега, на терен ќе играат еднаков број фудбалери, секој со своја страна на приказната и желбата за успех.

Посакувањата на македонската спортска јавност, пак, се и сега, како и тогаш, Македонија да биде таа која ќе предизвика светска реакција. Тогаш со голот на Александар Трајковски кој одекна насекаде во светот, и кој засекогаш и нас и светот ќе не потсетува дека се може кога тимот е тимот, единствен и обединет во желбата за успех…

Се вчитува...