ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН КАКО „ЛЕК НА РАНИТЕ“: Може ли уште една магија против Италија!?

Македонската репрезентација по оној турбулентно траорен јуни во кој доживеавме два порази, тешки секој на свој начин, и тоа како на најдобар можен начин одработи септемвриски подготвителен период во кој беше демонстрирана максимална стабилност и позитивна атмосфера како единствен начин за издигнување над оние два болни меча против Украина и Англија кои сите сакаат да ги заборават.

Со пристапот кон тренинг-активностите, одзивот на повикот на македонскиот селектор, и начинот на размислувања во тешките мигови за националниот тим, секој од репрезентативците и тоа како покажа дека во никој случај не е загубена желбата во себе преку квалитетот, индивидуален и тимски, до крајот на овие квалификации дека се демонстрира дека Македонија никако не го кажала својот последен збор. Со таа мисла и вечерва на арената „Тодор Проески“ од 20:45 часот се пречекува Италија.

Европскиот шампион и тоа како доаѓа како неопходен „лек на раните“ во желбата за уште една магија по онаа во Палермо. Свесни се сите во македонскиот табор дека ги чека пеколно тешка задача, но свесни се дека може да одиграат за себе, за дресот и за сите оние љубители на фудбалот кои искрено очекуваат нови фудбалски успеси.

„Ова за мене е многу емотивен момент како капитен на репрезентација што навистина многу значи за мене. Ова е нов предизвик, нова страница за сите нас, и така го сфативме сите кога дојдовме тука сега во септември затоа што сакаме да покажеме дека она во Англија беше само една лоша епизода. Не чекаат нови предизвици, нови моменти на радост кои сакаме да го доживееме уште сега против европскиот шампион во Скопје“ – вели новиот предводник на тимот, Енис Барди.

А, негова сериозна поддршка и тоа како ќе биде еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас кој добро ги познава Италијанците, но и новиот италијански селектор Лучијано Спалети со кого заедно го освои Скудетото минатата сезона.

Италијанците ќе бидат предводена од Чиро Имобиле со капитенската лента, кој сега посакува победа, иако напаѓачот не штеди пофални зборови кон Македонија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024 – ГРУПА Ц

18 ч: Украина – Англија

20:45 ч: МАКЕДОНИЈА – Италија

ВЕРОЈАТНИ СОСТАВИ:

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...