Македонија во најавениот состав против Италијанците: Со Миовски и Елмас во нападот, Атанасов и Елези во средниот ред!

Македонската репрезентација согласно очекуваниот состав со засилен среден ред ќе се спротистави на Италија во квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2024 вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот Боби Милевски, во формација 3-5-2 ќе биде со Бојан Миовски и Елиф Елмас во самиот напад и засилен среден ред со Стефан Ашковски и Езгијан Алиоски по страните, и Јани Атанасов, Енис Барди и Агон Елези на средината.

Во тројката пред голманот Столе Димитриевски ќе бидат Јован Манев, Висар Муслиу и Ѓоко Зајков.

 

На клупата за резервни фудбалери е и Аријан Адеми кој се приклучи на тимот по потпишаниот договор со Динамо Загреб, но поради пропуштените подготовки, и малата повреда, од клупата ќе чека евентуална можност да му помогне на тимот.

Се вчитува...