ФОТО: Несторовски, Елмас и Муслиу со дресови за влез во „клубот 50“

Пред почетокот на натпреварот со Италија, тројца македонски фудбалски репрезентативци добија дресови по повод нивното влегување во клубот „50“ за играчи со над 50 одиграни натпревари во националниот тим.

Висар Муслиу, Елиф Елмас и Илија Несторовски во изминатите натпревари влегоа во друштвото на играчи со преку 50 настапи во дресот на Македонија.

ФФМ им подари дресови со бројот 50 по тој повод.

Од сегашните репрезентатвци со преку 50 настапи се уште и Столе Димитриевски (62), Езгјан Алиоски (67) и Александар Трајковски (84).

Се вчитува...