ВИДЕО: Од „нигде-никаде“ Имобиле носи водство на Италија – ВАР проверуваше, но го потврди голот!

Повеќе од непосакуван старт на второто полувреме за македонската репрезентација на дуелот против Италија во квалификациите за ЕП 2024.

Во 47. минута од средбата при една мешаниц пред голот на Димитриевски, откако еден од македонските фудбалери остана да лежи на работ на шеснаесетникот, Барела ја погоди гредата од македонскиот гол. Но, на одбиената топка натрча Имобиле и ја смести во мрежата на Димитриевски.

ВАР ја проверуваше одлуката поради евентуална офсајд-позиција, македонските репрезентативци бараа претходен прекршок, но ВАР ја потврди одлуката на францускиот судија Летисие и го потврди погодокот.

Се вчитува...