Вардар не се предава така лесно во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига сезонава. Црвено-црните конечно ја прекинаа низата од четири едноподруго порази по ред, доаѓајќи до повеќе од значајна победа на гостувањето против Македонија ЃП со 0-1 во првиот натпревар од 17. коло во ПМФЛ.
На гостувањето во Ѓорче Петров, во меч без многу убавина Вардар дојде до неопходни бодови во битката за опстанок.
Творец на триумфот беше младиот офанзивец на Вардар, Михајло Милосавиќ, кој во 35. минута по убавата акција по десната страна и нафрлањето на Здравковски, одлично се снајде во шеснаесетникот на домашните и супер-ефектно со волеј-удар донесе победа за својот тим.
Милосавиќ во 86. минута имаше уште една можност и за поубедлива победа на Вардар, но гредата спречи уште еден гол во мрежата на „лавовите“.
ПРВА ЛИГА – 17. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-1
Милосавиќ 35′
УТРЕ (13 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – ГОСТИВАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

