Хрватите „прокоцкаа“ победа со Австрија, Србија загуби од Унгарија

Ракометарите на Хрватска прокоцкаа добиен натпревар против Австрија на крај ремизирајќи (28-28) во второто коло од Групата Б, па во последната рунда ќе пресметуваат пласман во следната фаза на шампионатот.

Хрватите одлично го почнаа мечот со убедлива предност, но потоа Австријците се вратија во игра во второто полувреме. Сепак, Хрватска во последните две минути влезе со два гола предност, 28-26, но во финишот Австрија успеа со два гола да дојде до реми.

Во Групата Ц, Србија загуби со 27-28 од Унгарија, па сега Унгарците и Исланѓаните се со предност за пласман во следната фаза од Европското првенство.

Се вчитува...