И тоа го има на ЕП… Португалците напаѓаа со осум ракометари, ама судиите не забележаа (ВИДЕО)

Данска без апсолутно никакви проблеми убедливо со 37-27 славеше против Португалија во синоќешниот натпревар на Европското првенство 2024.

Но, мечот го одбележа и една интересна ситуација во режија на Португалците, а со „поддршка“ на швајцарските судии Брунер и Салах кои направија голема грешка. Швајцарците не забележаа дека Португалија во еден момент во првото полувреме нападна со осум ракометари на терен и постигна притоа гол.

Данците беа во напад, Португалија се одбрани, логично со шест ракометари во поле, а потоа се случи нешто неверојатно. Португалците тргнаа во контранапад, за да пред голот на Данска си беше поставен еден португалски репрезентативец, притоа без да излезе ниту еден од останатите седум на паркетот, па очигледно тој беше вишок…

Но, наспроти тоа, место казна за Португалците, голот беше признаен а судиите воопшто не забележаа што се случи. Како и да е, тој гол сигурно не им помогна многу на Португалците.

Се вчитува...