Ракометната репрезентација на Србија иако најавуваше олимписки квалификации, па дури и напад на медал на Европското првенство во Германија, групната фаза ќе ја заврши на последното место откако вечерва во драматичен меч загуби од Црна Гора 29-30. Херој за Црногорците беше Грбовиќ кој буквално во последната секунда го постигна победничкиот погодок.
Бранко Вујовиќ со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лазар Кукиќ постигна седум гола.
Ракометарите на Хрватска по ремито со Австрија денеска ја оправдаа фаворитската улога во мечот против Романија совладувајќи со рутински 31-25. Романците пружија отпор колкав им се можностите, но и тоа не беше доволно за ништо повеќе од убедлив пораз. Лука Кларица со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Андреј Негру постигна девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

