Ракометарите на Шпанија со позитива од четири гола (32-28) ќе патуваат на реванш натпреварот против Србија во баражот за пласман на Светското првенство 2025 година.
Србите одиграа феноменално прво полувреме против големиот фаворит во кое беа егал и на пауза заминаа со негатива од само еден гол 15-14. Сепак, искуството на домаќините си го напраи своето во вториот дел па со одлична игра „црвената-фурија“ на крајот успеа да стигне до триумф од 32-28.
Алекс Дујшебаев со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Кос, Јовановиќ и Илиќ постигнаа по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА