Вардар ја пречекува Струга, Шкендија и Работнички во обид да ја продолжат победничката серија

Поради репрезентативните обврски натпреварите од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига наместо утре ќе се одиграат денеска, сите со почеток во 14 часот.

Најголемо внимание привлекува дуелот во Скопје во кој Вардар ќе го пречека актуелниот шампион Струга ТЛ. Дефанзивецот на стружани, Бесарт Кривањева, е свесен дека неговиот тим го очекува тешка задача ако сака да стигне до цел плен на овој натпревар.

„Многу важен меч за нас како тим, би рекол и многу тежок меч бидејќи сакаме да тигнеме до победа пред новата репрезентативна пауза. Средбите со Вардар секогаш се специјални, особено за мене како фудбалер кој доаѓа од Скопје. Имав одредени проблеми пред мечот со Гоствар, но сега сум подготвен да дадам се од себе“, изјави Кривањева, кој утре ќе го игра својот јубилеен 200. меч во Првата лига.

Шкендија ќе се обиде да ја продолжи победничката серија на гостувањето кај Силекс, додека Работнички ќе гостува во Охрид кај Воска спорт. Интересно се очекува да биде и на Чаир каде Шкупи ќе ја пречека АП Брера.

ПМФЛ – 9. КОЛО 

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 

Скопје: ШКУПИ – АП БРЕРА

Охрид: ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 

Скопје: ГОСТИВАР – БЕСА 

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 

Се вчитува...