ФОТО: Андон Дончевски поддршка за Вардар на денешниот дуел против Струга ТЛ

Легендата на македонскиот фудбал и човек кој, како тренер, му ја донесе на Вардар единствената титула во поранешна Југославија во 1987 година, Андон Дончевски денеска е на трибините на националната арена „Тодор Проески“ како поддршка за своите црвено-црни.

Популарниот чичко Дончо ќе биде поддршка за Вардар во пресметката против шампионот Струга ТЛ од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига која почнува од 14 часот.

На нашиот најголем стадион пристигна во друштво на членот на раководството на клубот Милорад Миленковски, претставникот на „Комитите“ кои минатата сезона осамени го одржаа во живот најтрофејниот македонски клуб.

На „вардарци“ повеќе од неопходни им се бодовите за избегнување на последните позиции на табелата, пред репрезентативната пауза.

Се вчитува...