ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Струга ТЛ води во Скопје против Вардар, предност и за Шкупи и Работнички (ВИДЕО)

Шампионот Струга ТЛ има предност од 1-2 на гостувањето против Вардар по првото полувреме во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига. Предност по првите 45 минути имаат и Шкупи против АП Брера, и Работнички на гостувањето против Воска Спорт во Охрид.

На дуелот на арената „Тодор Проески“ голем кикс на голманот на Вардар, Филип Гачевски на стартот од натпреварот по кој гостите дојдоа до предност.

По брзата предност на гостите, избраниците на Срѓан Захариевски успеаја да израмнат во 27. минута.

Убава акција по десната страна, а Босанчиќ од десеттина метри рутински стрелаше ниско по земја за 1-1…

Сепак, брз контранапад на гостите во 41. минута а Компаоре мајсторски погодува за 1-2.

Фудбалерите на Шкупи по само 20 минути игра веќе имаат убедлива предност од 2-0 против АП Брера во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Уште во 7.минута чаирчани поведоа со 1-0 со голот на Едмундсон по брзата акција по десната страна на домашните.

А, по грешката на гостинската одбрана веќе во 21. минута беше и 2-0 за Шкупи. Ефектен гол со шут под гредата постигна Јумеми…


Гостите успеаја да намалат во 43. минута со голот на Ѓорѓе Ивковиќ, а по грешката на домашниот голман…

Во Охрид, Работнички поведе против Воска Спорт со 0-1 со голот на Регба во 40. минута од средбата.

ПМФЛ – 9. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-2
Босанчиќ 27′ – Камбери 3′, Компаоре 41′
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0-0
Скопје: ШКУПИ – АП БРЕРА 2-1
Едмундсон 7′, Јумеми 21′ – Ивковиќ 43′
Скопје: ГОСТИВАР – БЕСА 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 0-1
Регба 40′

Се вчитува...