ВИДЕО: Вардар не личи ни минимално на оној од лани – Струга веќе има 1-4 во Скопје!

Вардар очигледно не личи ниту минимално на оној тим полн жар, дух и борба кој минатата година и со финансиска „нула“ на контото го пленеше секој искрен фудбалски вљубеник во земјава.

Сега, наспроти бројните најави од летово на новите раководители за тим кој ќе се бори за европски излез, Вардар нема ниту борба на терен, ниту желба, ниту срце, ниту дух…, за игра никој веќе од поодамна веќе ништо посебно не очекува.

„Црвено-црните“ онака малодушно веќе губат со 1-4 на домашен терен и од Струга ТЛ во 9. коло од ПМФЛ.

По предноста на стружани од 1-2 во првото полувреме, во вториот дел Компаоре во 63.минута зголеми и на 1-3.

А, Вардар како да игра без одбрана на дуелот, па во 73. минута и Кехинде погоди за веќе убедливи 1-4 за стружани…

Се вчитува...