Чичко Дончо на вечното почивалиште на Петар Милошевски: Почит без крај за својот пулен (ФОТО)

Првиот селектор во историјата на фудбалската репрезентација на независна Македонија, Андон Дончевски се врати во татковината, а неговото доаѓање во нашата земја покрај за останатите работи го искористи и за посета на вечното почивалиште на легендарниот голман, Петар Милошевски.

Пред заминувањето во Рига, каде денеска од 18 часот нашите фудбалери играат со Летонија, Андон Дончевски им посака многу успех и среќа на мечевите од Лигата на нации.

„Петар Милошевски многу ги задолжи Македонија и нејзиниот фудбал. Најмалку што можам јас да направам е да дадам почит, за жал, на ова место за великанот на македонскиот спорт“, вели чичко Дончо.

Се вчитува...