Женската ракометна репрезентација на Србија со пораз од Романија 25-27 го заврши настапот на Европското првенство кое што се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Србинките подобро го отворија натпреварот во кој им беше потребна победа од шест гола за пласман понатаму. Во првиот дел Србинките имаа и плус пет (15-10), но на крајот на пауза се замина со резултат 16-13. Сепак, тоа беше се што направија Србинките, а Романија со одлична игра во вториот дел на крајот успеа да стигне до целосен пресврт 25-27.
Во останатите два меча Данска и Холандија ги оправдаа фаворитските улоги. Данска беше подобра од Фарски острови со 33-24, додека Холандија ја совлада Украина со огромни 43-23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА