Ракометната репрезентација на Шведска стигна до првата победа во главната фаза на Европското првенство во Швајцарија, Австрија и Унгарија, откако денеска славеше против репрезентацијата на Полска со 33-25.
Полјачките одиграа одлично во првото полувреме против големиот фаворит и на пауза заминаа со негатива од само два гола 17-15. Сепак, Швеѓанките одиграа фуриозно во вториот дел и на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до два бода. Натали Хегман со девет гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Моника Кобилинска постигна шест гола.
До победа стигна и репрезентацијата на Германија која беше подобра од еден од ко-домаќините, Швајцарија со 36-27. Aлешија Хауф со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа осумте гола на Табеа Шмид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

