Талант Душебајев јавно изрази желба да остане во Киелце и да потпише нов долгогодишен договор со полскиот ракометен гигант, без оглед на големите финансиски проблеми со кои се соочуваше клубот во последните годни.
Тој има договор со Киелце до 2028 година и иако во последните години беше поврзуван со заминување, Душебајев секогаш ги отфрлаше понудите со јасна цел – да остане во клубот во кој има целосна слобода.
„Сакам да работам до 67-годишна возраст… зошто баш до 67? затоа што шпанските закони се сменија и старосната граниза за пензија е променета. Ако пак се промени во иднина, јас би останал тренер на Киелце уште подолго… Добро е познато, имам понуди, секој може да ми се јави, да разговараме за ракомет, но сите тие луѓе знаат дека јас никогаш нема да си заминам одовде по своја желба. Не сум човек што се откажува кога е најтешко, не сум стаорец што прв бега од брод што тоне. Не можам да замислам да си заминам одовде и да ги напуштам играчите кои ми се како деца, како Дилан Наи на пример… Знам дека имам договор на уште неколку години, но би можеле и да седнеме, се гледам себе си како го водам Киелце до 2035 година. Сериозно“, изјави Душебајев за националната полска телевизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

