Женската ракометна репрезентација на Холандија стигна до нова победа во главната рунда на Европското првенство откако денеска славеше против кодомаќинот Швајцарија со 37-29 во меч од четвртото коло.
Холанѓанките фуриозно го стартуваа мечот, па во првото полувреме постигнаа неверојатни 24 погодоци, што беше и повеќе од доволно за убедливо водство од 24-17 на паузата. Во вториот дел Холанѓанките само рутински го приведоа мечо до самиот крај за конечен триумф од 37-29.
Зои Шпренгерс со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Дафне Гоши постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

