Ракометарките на Норвешка дополнително се зацврстија на врвот во Групата 2 на Европското првенство 2024 по победата од 32-27 и против селекцијата на Германија.
Норвежанките сега се со четири победи од исто толку натпревари во втората фаза, со што веќе обезбедија сигурно место во полуфиналето на шампионатот.
Победата на дуелот ја осигураа уште во првото полувреме кое го добија со 19-13, и покрај тоа што во финишот од средба им дозволија на Германките да го ублажат поразот, за конечни 32-27.
Рајштад со девет погодоци беше најефикасна кај Норвежанките, а Хауф и Лот имаа по четири гола кај Германките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

