Женската репрезентација на Норвешка е првиот финалист на ракометното Европско првенство откако во полуфиналето славеше против репрезентацијата на Унгарија со сигурни 30-22.
Норвежанките иако во текот на првото полувреме го контролираа мечот, Унгарија не им дозволи да се одлепат, па на пауза резултатот на семафорот изнесуваше 13-11. Сепак, во вториот дел Норвешка ја покажа сета своја надмоќ и на крајот стигна до убедлив триумф од 30-22. Хени Рејстад со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Катрин Клујберт постигна пет гола.
Во второто полуфинале од 20.30 часот Франција ќе се сретне со Данска. Претходно во мечот за 5. место Шведска во трилер меч славеше над репрезентацијата на Холандија со 33-32.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

