Бронзен медал за Унгарија на Европското првенство

Женската ракометна репрезентација на Унгарија го освои бронзениот медал на Европското првенство откако во дуелот за третото место ја совлада Франција со минимални 24-25 во драматична завршница.

Натпреварот започна во изедначено темпо во кое двата тима постојано го менуваа водството се додека Унгарките не го превзеамаа моментумот и со серија од три гола во низа да стигант до предност од 7-10. Франција не дозволи поголемо водство, навремено ја санираше одбраната па на  полувремето да  замине со само „минус“ еден (12-13).

Изедначениот ритам продолжи и во вторите 30. минути, Унгарија ја одржуваше тешко стекнатата предност, но како што одминуваа минутите Французинките се вратија целосно во игра поведувајќи со 22-21 за интересна завршница во која се играше „гол за гол“, а на крајот на победа се радуваа Унгарките.

Во натпреварот за златниот медал со почеток од 18 часот силите ќе си ги одмерат Данска и Норвешка.

Се вчитува...