„Вујо Мајсторе“ со поддршка за српските студенти: Партијата на Вучиќ е нарко – картел…

Веселин Вујовиќ е познат како човек без влакна на јазикот кога говори на актуелни теми, а легендарниот „Вујо Мајсторе“ тоа го потврди и во денешното интервју во кое говореше за демонстрациите низ цела Србија во кои студентите го кренаа гласот против актуелната власт кај нашиот северен сосед.

Очекувано, Вујовиќ им даде целосна поддршка на студентите, повикувајќи ги и повозрасните граѓани на Србија да се вклучат во ова движење.

„Доста е некој упорно да ни ја навредува интелигенцијата, а ние сите да молчиме. Срамота е што мораа студентите да ја мрднат работата во Србија, а сите други да молчат. Молчат нивните родители, баби и дедовци и се плашат дека може дабиде полошо од ова што е сега. Јас ќе кажам веднаш,полошо од ова не може да биде“, изјави Вујовиќ.

Прославениот ракометар и тренер упати жестоки критики и кон партијата на власт СНС (Српска Напредна Странка) на чело со Александар Вучиќ.

„СНС е нарко – картел и секого кој не се сложува со нивните одлуки го прогласува за државен непријател, јас самиот го почувствував тоа на своја кожа пред неколку години. Сите треба само да се сетиме што Вучиќ говореше во овие 12 години и колку од овие големи ветувања навистина исполни. И тогаш….на сите ќе им биде се јасно… Очекувам младината во Србија да издржи, бидејќи овие млади луѓе покажаа дека за Србија има надеж“, порача Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...