Селекторот на Холандија, еден од противниците на Македонија, Штафан Олсон го објави список на кој има 16 ракометари со кои планира да патува на Светското првенство во Вараждин.
Сите 16 ракометари се интернационалци и ниту еден не игра во домашното првентво. Осум од ракометарите се од Бундеслигата а на списокот го нема Рение Табоада кој своевремено беше дел и од македонската Суперлига.
Повратник во екипата е голманот на Гепинген, Барт Равенсберген кој долго беше на рехабилитација поради операција на лигаментите. Пикерот на Вардар, Ларс Коиј исто така е повикан за настап на СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА