Фаворитите без апсолутно никакви проблеми славеа на денешните попладневни натпревари на Светското првенство 2025 кое се одржува во Хрватска, Норвешка и Данска.
Репрезентацијата на Италија е вистински хит на шампионатот триумфирајќи убедливо и со Алжир со 32-23, и веќе обезбедувајќи пласман во следната рунда на првенството.
Италија, првпат по 1997 година игра на светско првенство, и успеа да слави на двата воведни натпревари, против Тунис и против Алжир, па сега ги чека и главната фаза на СП 2025. Најдобар во денешната победа беше Прантер со седум гола, Мењон имаше пет, а кај Алжир се издвои Беркус со шест гола.
Словенија ја „здроби“ Куба победувајќи со убедливи 41-19 (18-9). Најдобар беше Влах со седум гола, Кљун имаше шест, а Цехте, Кодрин, Новак, Овничек постигнаа по четири гола.
Никакви проблеми немаше и Франција која го победи Кувајт со 43-19, а Шпанија славеше против Чиле со 31-22. Фернандез со пет постигнати гола беше најдобар кај Шпанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

