Eгипет лесно со Бахреин, реми на Чешка и Полска

Ракометарите на Египет ја запишаа втората победа на Светското првенство откако вечерва без поголеми проблеми славеа над репрезентацијата на Бахреин со 35-24.

Египќаните уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на пауза имаа сигурна предност од 16-11. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 35-24. Зеин и Саад со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Хабиб Насер постигна осум гола.

Португалија стигна до вториот триумф откако славеше над Бразил со 30-26, додека Полска и Чешка одиграа нерешено 19-19.

Се вчитува...