Унгарците со лесен тренинг против Гвинеја за прв триумф на СП

Ракометната репрезентација на Унгарија ја забележа првата победа на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка откако вечерва во групата која се игра во Вараждин славеше против аутсајдерот Гвинеја со убедливи 35-18.

Унгарците уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа двоцифрена предност од 20-9. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 35-18. Шита со седум гола беше најдобар поединец кај Унгарците, додека кај Гвинеја Сисоко постигна три гола.

Во последното коло од групата која се игра во Вараждин, Унгарија ќе игра против Холандија, додека Македонија ќе се сретне со аутсајдерот Гвинеја.

 

Се вчитува...