Хрватската ракометна репрезентација ја забележа и втората победа на Светското првенство на кое што е домаќин, откако во второто коло помалку и изненадувачки премногу лесно славеше над Аргентина со 33-18.
„Коцкестите“ неверојатно го отворија натпреварот и веќе по 30 минути игра имаа двоцифрена предност (18-7). Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 33-18. Шипиќ со пет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените четири постигна Јунг. Лоша вест за Хрватска е тоа што на самиот старт капитенот Домагој Дувњак се пожали на повреда и не се врати веќе на паркетот. Дополнителните прегледи ќе покажат дали Дувњак ќе може да им помогне на своите соиграчи во преостанатиот дел од шампионатот.
До лесна победа стигна и Норвешка која славеше над аутсајдерот САД со 33-17. Во последниот меч од денешната понуда Швајцарија ја намачи Германија, но немаше сила за ништо повеќе од достоен пораз од 31-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

