Хрватска синоќа убедливо со 33-18 славеше против Аргентина во вториот натпревар на Светското првенство, но „коцкестите“ се чини го загубија за шампионатот еден од своите најдобри ракометари, Домагој Дувњак.
Дувњак заработи повреда, по која денешните информации говорат дека воопшто не е наивна, иако од таборот на хрватската репрезентација нема точна информација дали ќе може да се врати за следните натпревари. Но, одлучено е дополнително да биде повикан поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, што доволно кажува дека селекторот Дагур Сигурдсон веќе размислува за варијантите без Дувњак.
„По прегледите со магнетна резонанца, потврдена е повредата на листот на капитенот Дувњак. Поради тоа селекторот го повика Игор Карачиќ кој од денеска се приклучува на репрезентацијата“ – се вели во информацијата од Хрватскиот ракометен сојуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

