Швајцарија подобра од Полска во директниот дуел за пласман во следната фаза

Ракометарите на Швајцарија продолжуваат во главната фаза на ракометното Светско првенство, откако денеска во директниот дуел ја совладаа селекцијата на Полска со 28-30. Полјаците со овој пораз, ќе разигруваат за пласман во т.н. „Президент Куп“.

После добриот старт на Полска, Швајцарија во вториот дел од првото полувреме успеаја да направат предност од три разлика.

Во вториот дел на стартот Швајцарија стигна до +6, но потоа следуваше голем пад во нивната игра, па Полјаците во еден миг стигнаа до „егал“. Сепак, Швајцарија имаше успешен финиш, стигнаа до предност од четири гола, после кои немаше веќе враќање за Полска, која само успеа да намали на два гола.

Пржитула кај Полска беше најефикасен со девет гола, а воедно и најдобар на мечот. Кај Швајцарија Ноам и Кител беа најефикасни со по пет голови.

Се вчитува...