Ракометарите на Бутел се освојувачи на меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево (БИХ), откако во финалето го совладаа Вогошча по пенали со 38-37.
Во регуларниот дел беше 30-30, а Бутел пропушти шанса и во регуларниот дел да го добие дуелот, после водството на полувремето.
По првите пет пенали беше повторно нерешено 33-33, па мораше да продолжи серијата на седмерци. Голманите Блажески и Стојаноски одбранија два, односно еден пенал, за радост на РК Бутел.
Најефикасен во финалниот меч беше Филип Николов кој постигна дури 16 голови.
На патот до финалето, Бутел славеше против Босна Сараево, Рудар Плевља и тимот на Марибор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

