После поразот од Бразил на отворањето на Светското првенство во ракомет, Норвешка пред своите навивачи доживеа пораз и од Португалија со 31-28, и така без ниту еден бод се пласираа во главната фаза на Светското првенство.
За разлика од нив, Португалија оди во главната фаза со максимални четири бодови, додека Бразил ќе има два.
Густаво Капдевил беше херој на натпреварот, со 16 одбрани, а најефиксен беше Фраде кој постигна шест гола. Лисе кај Норвешка беше најдобар со девет голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

