Германскиот тенисер Александер Зверев е прв полуфиналист на премиерниот гранд-слем турнир во 2025 година, Австралија опен. Тој во четвртфиналето на турнирот во Мелбурн во еден интересен натпревар славеше над Американецот, Томи Пол со 3-1, по сетови 7-6, 7-6, 2-6 и 6-1.
Клучни во мечот беа првите два сета кои Германецот успеа да ги добие во тај-брејк. Во полуфиналето Зверев за противник го чека подобриот од мега-дуелот меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.
Кај дамите прва полуфиналистка е Шпанката, Паула Бадоса која во четвртфиналето ја шокираше Американката Коко Гоф совладувајќи ја со 2-0, по сетови 7-5 и 6-4. Бадоса за противник во полуфиналето ќе ја има подобрата од дуелот меѓу Арина Сабаленка и Анастасија Павличенкова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

