После информацијата дека Карло Анчелоти на крајот на сезоната заминува од Реал Мадрид, се огласи и самиот искусен италијански стручњак, кој ги демантираше овие информации.
Тој дури истакна надеж дека уште долго ќе биде на клупата на „кралевите“, и дека ќе остане на „Сантијаго Бернабе“ до 2029 година.
„Апсолутно, не сум одлучил да го напуштам Реал Мадрид. Сакам да останам тука уште четири години, исто како и претседателот Флорентино Перез. Би било одлично да бидам дел од овој клуб до 2029 година“, рече Анчелоти.
Вчера се појави информација дека без разлика што и да се случи, Италијанецот заминува на крајот на сезоната, и дека Реал веќе воспоставила конктакт со Чаби Алонсо за замена на сегашниот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

