Босанецот Зилкиќ го засилува Работнички

Досегашниот фудбалер на Нови Пазар, Алмедин Зиљкиќ, ќе биде новото засилувае на Работнички на крилните позиции. По заминувањето на Атхе Мазари и Али Регба, „романтичарите“ тргнаа во потрага по ново засилување, и го најдоа во соседна Србија.

Зилкиќ е играч со богато искуство откако играше во Србија, БИХ, Словенија и Иран. Покрај Нови Пазар, беше дел и од Војводина, Дољи Срем, потоа замина во Горица од Хрватска, па се пресели во БИХ, играјќи за Слобода Тузла, Тузла Сити, Сараево, а 1,5 година мина и во словенечка Олимпија.

Во 2024 во јули потпиша за Естегал, но по само неколку месеци се пресели во Нови Пазар.

Се вчитува...