Трансферот на Алмедин Зиљкиќ во Работнички, пропадна во последен момент. Интернационалецот од БИХ беше договорен со раководството на „романтичарите“, но административни пречки ќе го спречак да заигра во дресот на тимот од Дебар Маало, барем во пролетниот дел од сезоната.
Зиљкиќ требаше да биде засилување на крилната позиција, и да дојде да ја пополни празнината која ја оставија заминувањата на Атхе Мазари и Али Регба во Вараждин, односно во Марибор.
Со оглед дека трансфер пазарот е веќе затворен, Работнички сега ќе мора да бара други решенија на крилните позиции за пролетниот дел, во кој тимот е во тесна битка за освојување на шампионскиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

