Васоски: Ќе биде многу тешко, но Силекс ќе се бори да дојде до титулата

Силекс како првопласиран во недела во дуел против Тиквеш, ќе го стартува пролетниот дел од сезоната. На кратовскиот тим му остануваат уште 15 натпревари да се обиде да ја освои шампионската титула, а исто така во игра е во Купот, каде игра против Вардар.
Тренреот на кратовци Александар Васоски, истакна задоволство од тоа како поминаа подготовките во Анталија, иако смета дека резултатите не биле на задоволително ниви.
„Подготовките во Анталија поминаа одлично, мислам дека имавме одлични услови за работа и одигравме квалитетни натпревари. Можеби резултатите не беа на задоволително ниво, меѓутоа во период кога навистина трениравме напорно, секако повеќе ставивме акцент на физичката подготовка, така што мислам дека направивме квалитетни подготовки. Новите играчи оставаат солиден впечаток. Мицевски го знам и работевме заедно во Вардар, Хрвановиќ е играч кој играше во групната фаза во Лигата на Конференции со Зрински, така што се работи за одлични засилувања“, изјави Васоски.
Тој смета дека Силекс има сила да се бори за титулата
„Со оглед на тоа дека сме есенски шампиони, секако есенскиот дел го оценувам мошне задоволително од наша страна, а во пролетниот дел секако задачата за да се одбрани тоа прво место ќе биде ѓаволски тешка, бидејќи знаеме дека се бориме со доста квалитетни екипи. Меѓутоа, кога веќе докажавме дека во 18 натпревари можеме да бидеме први, зашто не и во останатите 15. Така што апсолутно веќе не криеме дека целта е оваа година, со Божја помош, да ја освоиме шампионската титула“, рече Васоски.

Се вчитува...