Вардар против Шкендија, супер-тест за новиот потенцијал на тимот: Секогаш дерби, без разлика на изгледот на табелата!

Новиот, комплетно реновиран низ зимскиот преоден рок Вардар, со најтешкиот можен тест на стартот од пролетниот дел од сезоната на новиот потенцијал во битката за опстанок во прволигашкото друштво.

Дуелот со „жестокиот ривал“ Шкендија треба да биде вистински показател за новокреираниот состав чија цел пролетва ќе биде опстанок во елитата, но и битка за трофејот во Купот на Македонија.

„Вардарци“ веруваат дека можат денеска од 14 часот на арената „Тодор Проески“ до позитивен резултат со Шкендија, со што само би се добил дополнителен мотив плус за се што следи низ пролетва ова првенство.

Но, и во таборот на Шкендија секогаш носат огромен мотив за пресметките со Вардар. Посебно, ако се знае, дека Шкендија е еден од водечките претенденти за трофејот сезонава.

„Ова е дерби кое носи посебна мотивација и за играчите и за секој поединец во клубовите. Многу сум сигурен дека тимот ќе даде се од себе, убеден сум дека играчите се мотивирани да дадат максимум и се надевам дека ќе се вратиме со позитивен резултат од Скопје. И покрај позициите на табелата и составот што Вардар го изгради, овој дуел останува дерби бидејќи многу се променија во оваа подготвителна фаза, тоа е мала непознаница за нас иако ги следевме на два-три натпревари. Верувам дека ќе биде одличен натпревар, наша главна цел е да доминираме на натпреварот, да бидеме агресивни и офанзивни на игра и верувам дека на крајот резултатот ќе биде во склад со играта што ќе ја одиграме“ – вели тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ
Кратово: СИЛЕКС – ТИКВЕШ
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Охрид: ВОСКА СПОРТ – БЕСА
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Битола: ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА

Се вчитува...